18 Мај, 2024
0.0275

СРБИЈА СЕ ЖАЛИ НА ПРИТИСОК: Се повеќе мигранти доаѓаат од Бугарија

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана на Србија соопшти дека во последните пет дена е регистриран зголемен миграциски притисок од Бугарија и Македонија.

Во овој период 1 044 мигранти се обиделе илегално да ја преминат српската државна граница, се пожалија од Министерството, во Белград.

Оттаму додаваат дека во последните денови се приведени 8 шверцери на луѓе кои превезувале мигранти.

Синоќа воено-полициските тимови задржале крај Заечар 33-годишен српски државјанин од Белград, кој со комбе со австриски регистарски таблички превезувал 20 илегални мигранти, главно од Авганистан. Меѓу уапсените мигранти имало 7 деца. Во вторникот заедничките тимови уапсиле тројца други шверцери од Белград, кои се превезувале 16 Авганистанци. А пред една недела во околината на Ниш се приведени други четворица српски државјани од Прешево, кои се обиделе илегално да пренесат 63 лица во четири различни автомобили.

Дел од шверцерите добиле мерка притвор од 30 дена.

„Борбата против шверцерите на луѓе останува приоритет за заедничките воено-полициски екипи“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Од основањето на екипите на 22 јули до денес се откриени 6470 мигранти, кои се обиделе илегално да ја преминат границата. Во овој период се приведени и 45 шверцери на луѓе.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово