СРБИН СЕ ВРАТИЛ ВО ДОМОТ НА КОСОВО: Го гореле, тепале и ограбиле
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2017
Србин жител на селото Угљаре близу Приштина, бил нападнат и малтретиран, пренесуваат косовските медиуми.
Командантот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека 50 годишниот Златибор Дениќ бил претепан во неговиот дом, врзан и малтретиран, по што напаѓачите го ограбиле. Нападнатиот го гореле по нозете и на крајот го оставиле врзан во неговата куќа.