Србите масовно заминуваат во Германија за што плаќаат по 500 евра
Објавено во: Балкан 29 Август, 2016
Во Србија одамна не е забележана толкава побарувачка за работни визи за Германија како оваа година.
Многу е тешко да се закаже термин. Токму од овие причини многу граѓани овој пат го минуваат преку агенции.
Дојче Веле објави приказна за 45 годишна жена од Ниш, која сака да остане анонимна, а за која градот Росток е сон.
Таа чека работа како медицинска сестра на клиника во овој град, а за разлика од условите и платите кои се нудат во Србија, таму е Елдорадо.
До компјутерот ги чува договорот за вработување, сертификат за познавање јазик, копија од пасош, формулари, но нема уште работна виза.
Оваа жена само за кирија должи 3.000 евра и за неа само Росток е спас.
Околу 20.000 луѓе чекаат за термин за во германскиот конзулат.
Навалицата е од оваа година, откако Германија ги олесни условите за работа, за да ги обесхрабри оние кои таму планираат да заминат како азиланти.
Српските закони дозволуваат граѓаните да закажуваат термин преку агенции, за што се плаќа.
Овие агенции работат со полна пареа и наплаќаат дури и по 500 евра.