26 Април, 2024
0.0273

Срушени државни рекорди на 10.000 метри на HalkEco Скопје Трча 10КМ

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Срушени државни рекорди во машка и во женска конкуренција и 1000 љубители на трчањето, професионални тркачи и оние кои трчаат рекреативно, е епилогот на традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ која, по едногодишна пауза поради пандемијата, вчера се одржа во Скопје. Организатори на овој спортски настан беа Сојузот на спортови на Град Скопје и Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт. Генерален спонзор на HalkEco Скопје Трча годинава беше Халкбанк АД Скопје, која овој пат симболиката на 10 км трка ја поврза со одбележувањето на својот јубилеј - 10 години успешна работа на македонскиот пазар.

Дарио Ивановски со истрчано време од 29:5 и Адријана Поп Арсова со 35:07 минути уште еднаш ја потврдија својата доминација во трчањето на долги патеки. Ивановски само пред еден месец го сруши државниот рекорд на 10 км стар 41 година, а на HalkEco Скопје Трча 10КМ успе да го надмине веќе постигнатото најдобро време. Истото во женска конкуренција го направ и Поп Арсова.

По булеварите Илинден и дел од Партизански одреди инаку имаше многу љубители на трчањето кои, по пандемијата која стивнува, добија можност да ја проверат својата кондиција.  Сепак, бројот на учесници беше ограничен на 1000 поради безбедносните протоколи кои важеа и за самата трка со цел заштита на учесниците и организаторите. Па така, тркачите беа распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаа избрано, а во секој стартен бокс имаше растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар.

Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција добија парични награди, а со дипломи и пехари беа наградени првите 3 места во возрасните категории - од 35 до 44 год, од 45 до 54 год и над 55. Исто така имаше награди и за најдобрите екипи.

Трката HalkEco Скопје Трча 10КМ беше уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа HalkEco. Минатата година таа даде поддршка за организирање на првата хронометар трка HalkEco Хронометар 10KM, прв спортски настан организиран во услови на пандемија, а Банката успешно ја организираше и хронометар велосипедската трка Halk Velo Green каде во Маврово се натпреваруваа и професионални велосипедисти, но и вљубеници во овој спорт.

Платформата HalkEco е развиена од истоимената апликација која поттикнува негување здрав животен стил,  намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и создавање ново зеленило. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции. На овој начин секој корисник на апликацијата обезбедува и дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади. Халкбанк од почетокот на функционирање на апликацијата пред нешто повеќе од една ипол година има засадено и донирано над 25.000 садници во земјава. 


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ