30 Април, 2024
0.0270

ССК: 10 домашните инвеститори со македонски квалитет до глобален успех

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

На свечена промоција во присуство на бројни гости, традиционално и годинава, беа доделени десетте признанија за Македонски квалитет за 2017 година на националните економските амбасадори. Признанијата ги доделија претседателот на Република Македонија Н.Е д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) г-ѓа Данела Арсовска како и претседателите на секторските комори  во Сојузот.

Добитници на Признанијата се: ФХ3Х, Чеза Комерц, Конто Профит, Процес Ин, Вработување.ком, Пост Експрес Македонија, Агроунија, Антариас, ПЗУ Поликлиника Тоспаш и Женскиот младински хор при МКЦ. 

Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, согласно прецизно воспоставени критериуми, внимателно ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет.

Македонските инвеститори се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет. Изминатата година имаше бројни предизвици за приватниот сектор. Сакаме да веруваме дека пред нас е година на интернационализација на македонскиот квалитет ширум светот, на можност за инвестиции во човечки ресурси, модерни технологии и напредни процеси неопходни за општествен и економски развој. Растотот на домашните инвеститори во поволен амбиент, значи раст на вкупната економија “, изјави Арсовска и додаде дека Сојузот ги следи и е горд на успесите и достигнувањата на компаниите членови и токму затоа Признанијата за Македонски Квалитет се стимул за иднина.

По свеченото доделување на признанијата на коктел церемонијата присуствуваа стопанственици, претставници на институции, дипломатскиот кор, новинари. Оваа престижна манифестација која е под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските инвеститори за тековната година при што се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет 2017г .

Сојузот на стопански комори на Македонија е водечка македонска деловна мрежа со повеќе од 23.000 членови, годинава покрај корпорацијата Google Inc единствен прогласен „Шампион за мал бизнис“, од  Светската трговска организација . Овој голем успех за сите нас и за Република Македонија значи нова можност за зголемување на трговијата на  меѓународно ниво.  

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024