Стагнира индустриското производство: Кој сектор го забавува
Објавено во: Економија 05 Март, 2020
Стагнира индустриското производство. Во јануари растот на годишно ниво е само 0,3 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем е растот во секторот рударство и вадење камен или 9,4 проценти.
Секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од дури 15,8 отсто.
Од статистика објаснуваат дека растот во преработувачката индустрија го набилдало производството во прехранбениот сектор, производството на пијалоци, на текстил и облека...