04 Мај, 2024
0.0454

СТАКЛЕНО БОГАТСТВО: Ретка стаклена паричка продадена за неверојатни 70 илјади долари!

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ретка американска експериментална стаклена паричка направена во текот на Втората светска војна, е продадена на аукција за 70 500 долари, соопштила денес аукциската куќа Херитиџ.

Паричката која ја изработила компанијата Блу Риџ глас од Тенеси, ја купил Американец кој сакал да остане анонимен. Во текот на војната бакарот бил потребен за муниција, па американската ковачница во Форт Лодердејл ја одобрила изработката на пробни парички од други метали, како и од стакло, пластика, дури и од гума.

Претходниот сопственик на паричка од калено стакло, Роџер Бурдет рекол дека отосиците на паричката не биле прецизни, додека обилкот и тежината не биле рамноправни, и дека имале остри рабови. Тој рекол дека веројатно се уништени. Многу е веројатно дека оваа паричка е единствена.