06 Мај, 2024
0.0252

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

Објавено во: Економија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Голем недвижен имот изграден во селото Косел, Охрид вреден над 600 илјади евра се нуди на продажба преку наша комерцијална банка.

Станува збор за повеќе објекти, од кои за дел има документи, поточно имотен лист, но за дел од изградените објекти кои се нудат на продажба нема целосна документацијата. Имотот кој опфаќа повеќе објекти, го продава НЛБ Банка, и како што може да се види на нивната веб страна, за објектите кои се со имотен документ се бараат точно 575.777 евра.

- Во извршна постапка се продава недвижниот имот лоциран во село Косел-Охрид. Во непосредна близина има индустриски објекти и семејни куќи – се наведува во објавата.

Како што е посочено согласно имотен лист број 954, КО Косел на продажба се објектите 11 и 12, но и помошни објекти. Во описот е посочено дека објект 11 се канцеларии со површина од 236 метри квадратни, придружено се уште еден објект од 7 метри квадратни, како и уште една чувара 12, на прв кат со површина од 15 метри квадратни.

Во овој пакет на објекти, НЛБ Банка нуди уште еден објект со имотен лист број 1142, објект број 35 во истата опшина, со намена акционески друштава. Притоа во овој дел има еден објект, станува збор за пријавница со површина од 16 метри квадратни наменети за акционерско друштво. 

Со имотен лист 1121 се нудат објекти 9 и 10 исто така објекти наменети за акционерско друштво, и тоа канцеларии со површина од 272 метри квадратни, но и објект на прв кат, од 131 метар квадратен.

Потоа канцеларии од зграда 10 со површина од 322 метри квадратни, како и стан со површина од 271 метри квадратни. Во рамки на овој објект 10 има уште еден стан со површина од 134 метри квадратни.

-  Моментална продажна вредност на објект 11 изнесува 110.259 евра. Продажна вредност на објект 12 изнесува 8.835 евра. Ппродажна вредност на објект 35 изнесува 6.503 евра. Моментална продажна вредност на објект 10 изнесува 285.060 евра. Продажна вредност на објект 9 изнесува 165.120 евра. Вкупна моментална продажна вредност изнесува 575.777 евра – се наведува во огласот поставен на веб страната на НЛБ Банка.

Во овој пакет НЛБ нуди и други објекти за кои не се комплетирани документите за имотен лист. Согласно објавата има шест различни објекти, чија квадратура варира од 5 до 24 метри квадратни. Нивната заедничка вредност е проценета на 16.176 евра.

Во понудата на оваа, но и други банки од земајва може да се најдат куќи, станови, земјиште, повеќе типови деловен простор со различна големина, но и различни типови на производни капацитети.

Прегледот на понудата на банките покажува дека има голем избор на станбени објекти кои се нудат на продажба, но меѓу нив има и недовршени обејкти. Забележливо е што дел од банките имаат куќи кои се со голема квадратува и истите се подолг период на продажба.

Банките се одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?