06 Мај, 2024
0.0401

СТАТИСТИКА УТРЕ ЌЕ КАЖЕ - што се случило со македонскиот БДП во првите три месеци

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Утре ќе дознаеме како се движел македонскиот бруто домашен производ во првиот квартал од годинава.

Државниот завод за статистика треба да ги објави податоците за растот на домашната економија од јануари заклучно со март.

Корона кризата во првиот квартал немаше толку опасно влијание врз домашната економија колку што се очекува тоа да се случи во второто тримесечје. 

Поточно, во првите два месеци таа воопшто и не постоеше, но проблемите почнаа во март, кога беше прогласена пандемијата, и веќе од средината на месецот целосно претснаа со работа одредени сектори, како што се туризмот, угостителството, транспортот...

Кога првично го проектираше буџетот за оваа година, Владата излезе со реално очекување за раст од 3,8 отсто, без никој и да претпоставуваше што ќе се случува со светската, а со тоа и со македонската економија.

Кога стана јасно дека корона кризата и тоа како ќе се рефлектира врз економските текови, со ребалансот на Буџетот Владата предвиде дека домашниот БДП годинава ќе оди во спротивна насока, односно ќе заврши со негатива од 3,4 проценти. 

Притоа, најголем пад се очекува за вториот квартал, во третиот би имало благо закрепнување, а раст дури од четвртото тримесечје. 

Инаку, индустриското производство во првите три месеци кумулативно паднало за 3,7 отсто.

Но, веќе во април има страшен пад на индустриското производство, од дури 33,5 отсто, но тоа ќе се мери во податокот за БДП за второто тримесечје од годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот