12 Мај, 2024
0.0262

СТАТИСТИКАТА ПОТВРДУВА: Домаќинствата горат се повеќе дрва

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Поради затоплувањето на домовите со термо- печки, струјата е најчестиот вид енергија што го трошат македонските домаќинства. Електричната енергија учествува со дури 50,3 отсто во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата. Но, тоа што е забележливо во статистичкиот извештај за 2017 година е зголемената употреба на биомасата, односно на дрва за греење, од година во година наместо овој процент да опаѓа. Нивното учество во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата лани достигна 40,5 отсто, додека претходната година овој процент изнесуваше 37,5 отсто, што е уште еден доказ дека домаќинствата се повеќе се греат на дрва отколку на нови современи и еколошки начини за затоплување на домовите  Во многу помал обем се користат топлинската енергија (6,6 отсто) и нафтата (2,3 отсто), а најмалку се користат цврстите горива (0,3 отсто).

Едно македонско домаќинство со четири члена во просек месечно троши 498 киловат- часови електрична енергија, а според актуелната цена на струјата од 5,54 денари за киловат- час за скапа тарифа и 2,78 денари за евтина тарифа за да ја плати потрошената струја му требаат околу 2.100 денари. Ова, секако, не е износот на просечната сметка за електрична енергија, која секој месец ја добиваме во поштенските сандачиња, бидејќи во неа не се додадени комуналната такса за јавно осветлување и данокот на додадена вредност.

Според податоците од Државниот завод за статистика, секој жител годишно троши по 1.494 киловат- часови електрична енергија, односно финалната потрошувачката на електрична енергија во просечно македонско домаќинство со четири члена изнесува 5.976 киловат- часови. Пресметката покажува дека годишно се потребни околу 420 евра за да се плати сметката за овие потрошени киловати, односно просечната месечна сметка изнесува околу 35 евра. Секако овој износ не е рамномерно распределен во сите месеци, а кај оние семејства што се греат на струја сметката е најдебела во текот на зимските месеци.

Лани вкупното бруто- примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.161.152 тони нафтен еквивалент или 42,3 отсто од вкупно потребната енергија, а увезени се 1 669.517  тони нафтен еквивалент енергија.

Најголеми финални потрошувачи на енергија лани се сообраќајот со 37,1 отсто (нафтени деривати), домаќинствата со 26,9 отсто и индустријата со 19,5 отсто од расположливата финална потрошувачка.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот