02 Мај, 2024
0.0254

Стејт Департментот открива кои земји се спонзори на тероризмот

Објавено во: Свет 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Иран продолжи да биде „држава спонзор на тероризмот“ и во 2016 година со групите кои ги поддржува и нивната способност да ги загрозат САД и нивните сојузници, стои во извештајот за глобалниот тероризам на Стејт Департментот објавен денеска.

Во документот се наведува и дека групата „Исламска држава“, која е обвинета за многу напади, забрзано ја губи поддршката во Ирак и Сирија, но се предупредува дека при своето враќање дома борците може да претставуваат ризик за земјите од Централна Азија и Балканот.

Во извештајот стои и дека Техеран продолжува да регрутира во Авганистан и Пакистан шиитски екстремисти за борби во Сирија и Ирак, а иранската поддршка за либанското движење Хезболах е непроменета.

Според извештајот,  ИД е одговорна за најголем број напади отколку која било друга група во 2016 година и настојува да ги прошири своите операции особено откако почна да губи територии во Ирак и Сирија.

ИД лани извршила за 20% повеќе напади отколку во 2015 година и има ограноци во повеќе од 20 држави. Бројот на терористички напади е намален за 9% во 2016 во споредба со 2015 година, односно од 11.744 на 11.072 во 2016 година. Истовремено, намален е и бројот на загинати во тие напади – 25.621. Судан и Сирија се сметаат за „држави спонзори на тероризмот“.

Извештајот за тероризмот се објавува еднаш годишно од 2004 година и со него Стејт Департментот му овозможува на Конгресот редовни информации за тероризмот низ светот.

Можеби ќе ве интересира

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад