Стевчо Јакимовски: Бензинската станица на „Пуцко петрол“ е најскапо платена во државата
Објавено во: Македонија 16 Март, 2022
Деталниот урбанистички план за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ кој ја опфаќа и парцелата за бензинска пумпа, поради која Општина Карпош беше тужена од „Пуцко петрол“, денеска треба да се најде на седница пред Уставен суд.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска во емисијата „Утринска на Телма“ ја обвини Левица дека тргува со влијание по оформениот предмет за поднесена иницијатива, со која се оспорува Одлуката на Советот на Карпош од 3 март годинава за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.
Јакимовски вели дека сега општината е во рацете на Уставен суд и дека „Пуцко Петрол“ ќе добие 16 милиони евра ако одлуката биде на штета на Карпош. На донесувањето на овој ДУП му претходеа цела низа настани, во обид со неговото навремено носење да се спречи пресуда со која Општината би требало да плати отштета во милионски суми евра.
Градоначалникот ја обвини Левица дека намерно одолговлекувале со седницата за нова одлука за ДУП-от. Вели ако Уставен го поништи, „Пуцко Петрол“ ќе добие 15 милиони евра како обештетување.
- На тој потез планерите проценија дека има петреба од бензинска пумпа, а на наддавањето се јавија шест фирми. Пуцко петрол плати 2,6 милиони евра. Тоа е најскапопродадена бензинска пумпа во државата а ќе има само две пиштол-места, рече претседателот на ГРОМ.
Јакимовски потврди дека овој ДУП го изгласала општината пред пет години, кога тогаш тој бил градоначалник и дека иако на 200 метри има бензинска станица, таму треба да има уште една , затоа што бројот на возила и на жители во Скопје и Карпош се зголемува.
Стево, намерно одолговлекуваат носење на ДУП, Левица вели ќе одлучуваме на президиумот, во среда, во четврток, па наредната среда, а во петок се објавува пресудата, ние треба да го носиме тоа во суд.
Бранко Ристов, советникот од Левица во Карпош, рече дека на 200 метра од таму има бензинска станица.
- Ние како партија застануваме од другата страна на корипоративниот интерес, еднаш Пуцко е одбиен бидејќи бил на трасата на гасовод, има многу нејаснотии и ние како партија не сакаме да даваме поддршка на такви работи, рече Ристов.
Бранко Ристов додаде дека тие немаат видено ништо од судот, односно писмен документ, и тоа е чудно за него, додека за пресудата им укажувал само некој правник од општината.
- СДСМ има позитивен став со осум советници, ВМРО-ДПМНЕ со седум и двајца за ГРОМ. Ние не одолговлекуваме и не тргуваме со влијание. Ние имаме цел државен апарат кој во име на Пуцко Петрол врши влијание, цел државен апарат застана зад таа бензинска станица, наведе Ристов.