08 Мај, 2024
0.0393

Стипендии од 3.000 денари во текот на осум месеци и поддршка на средношколскиот спорт од град Скопје

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Градот Скопје, и оваа година преку својата програма за активностите во областа на спортот и младите, издвојува значителни средства за поддршка на средношколскиот спорт.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов истакнува дека го радува фактот што владее спортскиот дух меѓу младите и упати силен апел до нив да спортуваат, да се натпреваруваат и да постигнуваат успеси.

„Поттикнувајте фер игра и соочете ги способностите и амбициите. Само така ќе придонесете за здрави и дисциплинирани генерации. Јас како Ваш градоначалник секогаш сум тука со поддршка за остварување на вашите спортски соништа, бидејќи вложувањето во индивидуалните соништа и лични капацитети значи влог во заедницата во која живееме“,порача Шилегов.

 Градот Скопје ќе доделува стипендии за спортисти – средношколци во средните училишта на територија на Скопје, а паралелно со реконструкцијата на училишните објекти ќе се направи реконструкција и на спортските сали. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии изнесува 3 милиони  денари, што значи дека  Градот ќе стипендира вкупно 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.
За организација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот годинава од својот буџетот одвои 2,3 милиони  денари.

Како и секоја година, најдобрите екипи од средните училишта и годинава ќе имаат можност за една убава спортска дружба со нивните врсници од странство. По успешните гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и Белград, Градот Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во еден од европските збратимени градови за најдобрите средношколски екипи во мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.

Бројот на учесниците во овие лига и турнир систем натпревари во средните училишта секоја година  се зголемува, а годинава веќе ја надмина бројката од 6.000 ученички и ученици од 29 средни училишта во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија