05 Мај, 2024
0.0242

Стопанска банка а.д. Битола со поголема добивка од камати, провизии и надоместоци

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во првата половина од тековната 2018 година фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година. Притоа, Банката постојано го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Финансиски перформанси на Банката

Во периодот 1.1. – 30.6.2018 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 44,77 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат. Тековното остварување главно е резултат на повисоки нето-приходи од редовното работење и ефикасно управување и контрола на трошоците, што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување.

Нето-приходите од камати се повисоки за 18,38%, односно 27,11 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати  остварен e годишен раст од 5,31%, кој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следствено на повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки паралелно со пазарните движења, расходите за камати бележат годишно намалување од 19,38%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 108,16%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,38 милиони денари, што претставува годишен раст од 23,86%, при што приходите од провизии се зголемени за 13,63%, одразувајќи го зголемениот обем на активности, главно во делот на платен промет, додека на страната на расходите е евидентирано намалување од 7,71%. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 109,19%.

Нето-курсните разлики бележат благо зголемување од 6,19%, односно 0,68 милион денари споредено со првата половина од минатата година, додека планот е остварен со 89,66%.

Останатите приходи од дејноста заклучно со јуни 2018 година се пониски за 9,78 милиони денари споредено со истиот период од минатата година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е поголема за 7,64 милиони денари во однос на исправката издвоена во периодот од 1.1 до 30.6.2017 година.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со 30.6.2018 година евидентирана е загуба поради оштетувањето на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 20,11 милиони денари.

Трошоците за вработените се повисоки за 1,49% споредено со периодот 1.1 – 30.6.2017 година. Планот кај оваа позиција е остварен со 85,85%.Останатите расходи од дејноста се пониски за 15,35%. Планот за вториот квартал од тековната година е реализиран со 101,46%. Амортизацијата е зголемена за 7,31% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 91,40%.

Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.- 30.6.2018 година, Банката направи измена во сметководствените политики заради усогласување со измените во регулативата на Народна банка на Република Македонија која се однесува на имплементација на Меѓународниот стандард за финансиско известување – МСФИ 9, во делот на класификација и мерење на финансиските инструменти, при што во овој период беше извршена  прекласификација на портфолиото на хартии од вредност, што не предизвика промени во основите за мерење и никаков финансиски ефект од класификацијата, освен следното:

Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2017 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 25.4.2018 година, Банката не исплати дивиденда за 2017 година.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Зголемување од 2,67% на недвижностите и опремата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити се пониски за 24,02% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година, што главно се должи на намирување на квартални обврски по кредитни линии.

Очекувања за претстојниот период

Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено забрзување на домашниот економски раст. Во согласност со Деловната политика, со развојниот план и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. Фокусот, како и досега, ќе биде ставен врз пресретнување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги, јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и со активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Следствено на ваквите активности, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото