07 Октомври, 2024
0.0263

Стопанска банка АД – Скопје ве повикува на „Охридско лето 2013“

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на „Охридско лето 2013“, кое по 53-ти пат се одржува во нашата земја.

Најголемата летна културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07 до 20.08.2013 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.

Се очекуваат повеќе од 840 уметници од Русија, Словенија, Германија, Италија, Турција, Бразил, Полска, Хрватска, Литванија, Унгарија, Канада, Албанија, Шведска, САД, Украина, Ерменија, Франција, Велика Британија, Кина, Аргентина, Србија.

Годинешното издание свечено ќе го отвори светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија - Дмитри Хворостовски денеска во Античкиот театар во Охрид .

„Стопанска банка традиционално 10 години по ред, ја поддржува најголемата музичко - сценска манифестација Охридско Лето. Голема чест ни причинува фактот што сме дел од 53-тото издание на фестивалот, кој сите овие години на едно место ги обединува врвните имиња од македонската и светската уметничка елита, како и сите останати љубители на уметноста. Се надеваме дека оваа реномирана меѓународна манифестација ќе продолжи да се одржува уште многу години, и дека Охрид и Македонија ќе останат позиционирани на мапата на елитната светска уметничка сцена “, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје.

Стопанска банка АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста во државата.

Поради тоа, ги повикуваме граѓаните и клиентите на Банката да го посетат фестивалот „Охридско лето“ кој и оваа година нуди богата и разновидна програма.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ