07 Мај, 2024
0.0248

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СО ПОРАСТ НА НЕТО ПРИХОДИТЕ ОД КАМАТИ - намалената ликвидност и проблемите при наплата на кредитите доведоа до негативен резултат во првите девет месеци

Објавено во: Финансии 28 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Финансиските рерзултати за првите три квартали од годинава ги објави и Стопанска банка Битола.

„Периодот од почетокот на тековната година па сè до 30 септември 2022 година се карактеризира со нарушено економско и политичко опкружување, што е резултат на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, воведување санкции кон Русија, со нарушени синџири на снабдување, значителен раст на цената на енергенсите и со зголемена инфлација. Централната банка, во услови на зголемена економска неизвесност, започна да ја заострува монетарната политика, притоа преземајќи серија мерки во насока на постепена стабилизација на економијата. Во вакви влошени услови на економска активност, како и на намалена денарска ликвидност на финансискиот пазар во земјата, каде што има константно зголемување на каматната стапка на благајнички записи, а следствено на тоа и зголемување на референтна каматна стапка, Стопанска банка а.д. Битола дејствуваше во насока на остварување на краткорочните финансиски и долгорочните стратешки цели, применувајќи флексибилен пристап кон промените во домашното и глобалното макроекономско опкружување“, се вели во образложението на финансиските резултати што ги олствари оваа банка.

Нето-приходите од камати бележат зголемување за 12,87 отсто во однос на остварувањето од минатата година, односно 27,50 милиони денари. Приходите од камати се повисоки за 23,53 милиони денари односно 7,98 отсто, додека расходите за камати бележат годишно намалување од 3,97 милиони денари, односно 4,89 отсто. Планот на нето-приходи од камати за третиот квартал од 2022 година е остварен со 94,20 проценти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,38 милиони денари, односно 2,16 отсто во споредба со претходната година. На страната на приходите, растот главно е генериран од провизии од кредитирање и картично работење, додека на страната на расходите, најголема динамика на раст имаат расходите од работење со платежни картички. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2022 година во оваа позиција изнесува 88,45 отсто.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 18,57 милиони денари и бележат зголемување од 10,53 отсто на годишна основа, а планот за третиот кавртал од 2022 година е остварен со 91,72 отсто.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 1,07 милиони денари во споредба со периодот 1.1.2021 - 30.9.2021 година главно како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за третиот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 107,99 отсто.

Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесувац - 86,82 милиони денари и е поголема за 388,51 милиони денари во споредба со периодот 1.1.2021 - 30.9.2021 година, кога беше ослободена поголема исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 1,65 милиони денари, што се должи на продажба на дел од преземениот имот и ослободување на претходно издвоената исправка на вредноство согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 4,02 отсто во споредба со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 96,24 отсто. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 12,90 отсто, а реализацијата на планот изнесува 87,23 проценти. Амортизацијата е зголемена за 12,99 отсто на годишна основа, а планот е остварен со 99,18 отсто.

Во услови кога субјектите во економијата се соочуваат со намалена денарска ликвидност, што го отежнува профитабилното работење, а истовремено ги зголемува проблемите при наплата на кредитите, изразени преку исправката на вредност на проценките за квалитет на кредитното портфолио, финансискиот резултат на Банката е негативен во износ од 19,79 милиони денари.

Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2021 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собранието на акционери одржана на 31.5.2022 година, Банката не исплати дивиденда за 2021 година.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 отсто од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат намалување од 3,67 отсто во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2021 година.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 отсто во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити бележат зголемување од 28,52 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2021 година, како резултат на одобрени средства по кредитни линии од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Очекувања за претстојниот период

На краток рок очекувањата на Банката се во насока на продолжена неизвесност која е генерирана од моменталната геополитичка ситуација и растечките цени, особено на прехранбените производи и енергенсите. На среден рок Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономското опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата, притоа приспособувајќи го своето работење на деловната клима и на динамикaта на пазарот. Како фактор на ризик за очекуваното макроекономско стабилизирање, сепак останува неизвесноста околу движењето на инфлацијата, цените на енергенсите, тековните проблеми во синџирите на снабдување, константното зголемување на каматната стапка на благајнички записи и потенцијалните економски реперкусии од развојот на ситуацијата со Русија и Украина.

Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците.Воедно Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работењево согласност со планските цели.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст