06 Мај, 2024
0.0297

Страницата на Стопанската комора - mchamber.mk е најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2020

Објавено во: Економија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа 2020 година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција-Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk,
со поддршка на Министерство за култура, го организираа изборот за сајт на годината.

Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во нашата земја.

Годинава, се натпреваруваа 533 сајтови од целата држава, распределени во 19 категории.

Стопанската комора на Македонија, која беше номинирана во категоријата НАЈДОБАР БИЗНИС/КОРПОРАТИВЕН САЈТ го овои првото место, односно, на манифестацијата која на 16.12.2020 година се одржа “онлајн”, беше прогласена за ПОБЕДНИК во оваа категорија.


Во истата категорија второто место го освои A1.mk, додека третото место припадна на unet.com.mk. 

Од Стопанска комора велат дека им честитаат на сите институции, групи и учесници кои се натпреваруваа во сите категории и кои ги освоија наградите.

Во име на тимот на Стопанската комора кој неуморно работеше на целосниот ре-дизајн на веб страницата на Стопанската комора на Македонија кој стартуваше од јули годинава, сакаме да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас и кои ни ја дадоа својата поддршка. Оваа награда ја посветуваме на нашите компании-членки кои и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, во можеби најтешката година за живеење и работење предизвикана од светската пандемија со Ковид 19, покажаа упорност, борба, пожртвуваност и огромна општествена одговорност.

Сајтот го креираме со многу голема стручност, професионализам, посветеност и знаење. Во него учествуваат не само експертските тимови кои директно работат на него, туку целиот коморски апарат распределен низ разните форми на организирање на Комората кои преку своите активности и информации кои ги пласираат создаваат платформа за поддршка на компаниите.

Во него учествуваат и сите наши претставници од органите и телата на Комората, односно нашето членство. И секако, во него учествуваат и нашите партнерски институции како што се медиумите, државните и другите институции од земјата и странство со кои имаме секојдневна соработка. Сите заедно ја сочинуваме алката и изворот на информациите кои ги содржи нашиот сајт. На сите нив им благодариме и продолжуваме заеднички понатаму.

Наградата за нас претставува мотив плус за дополнителен ангажман, постојано усовршување и надградување, адаптирање кон промените и споделување на стручни информации, активности и вести со нашето членство за кое постоиме, велат од Стопанска комора.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот