28 Април, 2024
0.0272

СТРАНСКИ АМБАСАДИ ГО ВИДОА ИЗВЕШТАЈОТ, МЕ УПАТУВААТ НА МУДРОСТ - Трифун Костовски вели дека е готова неговата истрага за Еуростандард, бара да ја види Ковачевски

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Со интересна колумна излезе бизнисменот Трифун Костовски, поранешен сопственик на пропаднатата Еуростандард банка.

Ја пренесуваме во целост.

„Во колумните во изминатиот период таксативно ги наведував сите пропусти кои ги имаат направено државните институции: Народна банка, финансиската полиција, стечајниот судија, обвинителството, стечајните управници Тодески и Саздовски и техничката Влада предводена од Оливер Спасовски.

Истрагата за стечајот на Еуростандард банка, финансирана од моја страна, а направена од експерти за банкарски криминал е готова. Оверена од еминентна ревизорска куќа во чија веродостојност не треба да се сомнева во ниту еден момент. Извештајот е многу сериозен по севкупниот банкарски систем во Македонија кој индиректно може да донесе хаос во целото македонско стопанство. Сакам да ме разберете дека не сум човек којшто сака да создава хаотични ситуации и од таа причина веќе континуирано во изминатите два месеца тимот на истражители на овој извештај бара директна средба со премиерот Ковачевски со цел да прво тој да се спознае со можните последици од објавувањето на овој извештај. За жал молкот од Премиерот Ковачевски и понатаму царува, иако и самиот е свесен дека овој извештај може да биде погубен за Р. Македонија.

Извештајот нема да го објавам пред годишните одмори од причина што се поканети еминентни експерти од ЕУ да бидат презентери на истиот и во дадениов момент не успеавме да ги договориме временските рамки за нивно присуство. Фрапантноста на извештајот е толку голема за Република Македонија што и самиот се ставам во ситуација да размислам дали воопшто да го објавам бидејќи пред аргументите кои ќе бидат изнесени нема сила, читајте државна институција да молчи и да не реагира по истиот со можни мошне лоши консеквенци за Македонија. Со извештајот делумно се запознати одредени амбасади во Република Македонија кои плашејќи се од можните последици ме упатуваат на мудрост.

Се сметам себеси за мудар патриот, меѓутоа сум свесен дека нештата во Република Македонија мора да се променат од корен доколку сакаме државата, а со неа и нејзините граѓани да имаат подобра перспектива. Спечалив надвор од Македонија, а спечаленото го изгубив во Македонија. Револтот што сум ограбен во мојата Македонија е уште посилен и до последен момент ќе се трудам виновниците да ги изведам пред лицето на правдата, а на мојата Македонија да и помогнам во рамките на моите можности.

Упатувам порака до премиерот Ковачевски и до сите државни институции кои се занимаваат со прогон на организиран криминал, да не молчат, туку да прифатат средба со тимот на експерти, предводен од Драго Кос за изнаоѓање најбезболно решение за овој многу длабоко вкоренет организиран криминал во Република Македонија.

Почитувани читатели, нема да отстапам од мојата агенда за вистината околу стечајот на Еуростандард банка. На многумина од вас можеби сум и досаден, меѓутоа јас ќе продолжам и понатаму да пишувам токму за овој злостор, а вие размислете зошто имам толку силен порив да дојдам до вистината за Еуростандард банка. Ниту во сон не сум помислил да со грин-филд инвестиција отворам моја банка со цел да го ограбувам мојот коминтент. Со еден збор, јас не сум таков човек.

Почитувани читатели во изминатите 22 месеци, секојдневно по неколку пати си ги поставував прашањата: Зошто ова мене ми се случи? Зошто јас и моето семејство станавме плен на луѓето задоени со криминал? Зошто институциите на системот, кои се должни по закон да ми ја гарантираат слободата и чуваат капиталот, тоа не го направија? Институциите на системот кои треба да ми ја гарантираат слободата и да ми го штитат капиталот како полиција, обвинителство, судство, џелатот Народна банка и техничката Влада на Оливер Спасовски, беа соучесници или логистика во грабежот креиран од група на поединци и банки за мое уништување.

П.С. Упатувам порака до претседателот на Република Македонија Пендаровски да не молчи за овој случај, под изговор дека нема ингеренции“, пишува Костовски во својата колумна која ја пренесе и на неговиот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување