СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Добил отказ од фирма, а потоа го убил својот колега и си го разнел станот
Објавено во: Балкан 12 Март, 2018
Страшна драма ја потресе Србија. Поради отказ од работа 31-годишниот Небојша С. влегол во фирмата каде што работел во Белград и почнал да пука во своите колеги. Тој убил еден од своите колеги, ранил двајца и побегнал.
Според српската полиција Небојша подоцна бил пронајден во својот стан со тешки телесни повреди. Според српските медиумите, тој се обидел да си го одземе животот. Пукал во плинска боца со што си го разнел станот.
пожарникарите успеале да го локализираат пожарот. Небојша е и понатаму жив, но лекарите од Ургентниот центар се борат за неговиот живот.