23 Септември, 2018
0.3320
    ALK 8001    -0.04%     BESK 10100    0%     CEVI 1000    0%     GRNT 820    0%     KMB 5174.73    0.16%     MPOL 314    0%     MPT 47013    -1.53%     OHB 6600    0.79%     OKTA 4296.07    0.92%     RZTK 526    0%     RZUS 108    0%     STB 1115    0.54%     STBP 1158    0.73%     TNB 14007.94    0.06%     TTK 1135    -0.03%     UNI 2307.38    -0.99%

Структура на вредноста на земјоделското производство според „ЕКОНОМСКИТЕ“ сметки

Објавено во: Колумни 19 Март, 2018

Ги користиме економските сметки во земјоделството за извесна анализа за структурата на вредноста на земјоделско производство во главните гранки- растително и сточарско производство како и структурата на производството во тие гранки од група производи и производи. (Статистички годишници на РМ 2012-2107). Една од главните карактеристики на економските сметки во земјоделството претставува примената на формулата, количина х цена при мерење на производството. Формирањето на економските сметки е направено со користење на редовните стaтистички истражувања од Државниот завод за статистика.

  Главна цел на оваа анализа беше да се види како се  формирани  вредностите на вкупното земјоделско производство, односно како се движи учеството на главните земјоделски гранки, растително и сточарско (добиточно) производство, а по тоа какво е учеството на производите или група производи кои ја формираат вредноста на растителното односно сточарското производство.

  Истражувањето опфаќа период од 10 години (2006-2015) со цел да се откријат некои сериозни тенденции во релативните односи помеѓу гранките на производството и културите и групи култури во главните гранки на производството.

Таб.1 Учество на растително и добиточно производство во вкупното производство на земјоделски производи, проценти 

Гранки на производство

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

Растително произ.

77,2

74,1

69,0

72,4

74,5

75,3

74,9

76,1

76,5

76,3

Добиточно произ.

22,8

25,9

31,0

27,6

25,5

24,7

25,1

23,9

23,5

29,7

  Движењето на учеството на растителното и добиточното производство (таб.1) е релативно изедначено,каде учеството на растителните производи има мала тенденција на пораст, а опаѓање на учеството на добиточните производи се намалува. Просечно учество за овие 10 години покажува дека растителното производство изнесува 74,6%, добиточното производство 25,4%. Ова несразмерно мало учество на добиточното производство е резултат на земјоделската политика во изминатиот период, бидејќи е потценето значењето на сточарската гранка, а непотребно форсирање на растително производство. Мислам дека никој не вршел анализа од аспект:  колку која гранка придонесува во вредноста на земјоделските производи и дали треба да се менува поддршката на државата со цел да се овозможи повисок придонес на сточарството во формирањето на вкупниот приход од земјоделството и зошто ни се  високо дефицитарни млекото и месото?

  Според “економските сметки”(во годишните зборници), вредноста на растителните и добиточните производи ја формира вредноста на производството на земјоделските производи. За формирање на “Производство на земјоделска деловна гранка, се прикажуваат  и годишните приходи од: “Услуги во земјоделството“,“Неземјоделски секундарни дејности (неделиви)” и “Субвенции на производството”. Кога ќе се додадат овие  на  “Производство на земјоделски производи” се формира релативно повисока вкупно вредност на таканаречена(од статистика) “Деловни гранки”.  Во 2015 водина производството на земјоделски производи изнесува 79,8 милијарди денари, а на земјоделската деловна гранка вредноста е 87,8 милијарди денари. Во тој износ за 2015 година се вкалкулирани и субвенциите на производство во износ од 57,2 милијарди денари.  Износот на поддршката на растителното производство според Годишната програма на Владата  изнесувала 3,11 милијарди денари за растителното производство, а 2,10 милијарда за сточарство па односот на рстителното и добиточното производство во збирот од 3,11 милијарди  и 2,10 милијарди изнесува 59,7: 40,3.

  Интересно е што средствата за субвенции на  земјоделството остануваат на исто ниво во наредните две години, се намалува поддршката на сточарството, а расте на растителното производство. Во 2016 година односoт e 66,4% за растителното производство, а 33,6% за сточарството. Во 2017 година односот е 62,9:37,1%. Државната политика е погрешна. Сточарството има повисоко економско значење бидејќи неговите производи се со додадена вредност, затоа мора да има поголема поддршка.

Таб.2 Учество на производи и група производи во вредноста на растителното  производство – проценти

Показател

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

Жита

11,7

11,2

14,5

12,6

9,6

14,6

11,9

13,1

13,3

9,5

Индустр.растенија

9,4

8,8

6,3

10,1

11,0

9,0

9,6

8,6

8,5

7,3

Фуражни растени.

11,4

8,9

9,6

9,0

8,3

7,9

7,5

8,6

8,7

9,5

Градинарски раст.

39,3

38,7

37,6

42,8

49,1

44,0

48,0

43,7

47,6

47,5

Компири

5,5

3,8

3,1

4,1

4,0

5,6

3,6

6,2

5,6

4,5

Овошје

15,4

17,8

18,8

15,3

13,8

14,4

15,0

14,5

11,8

15,2

Вино

7,3

10,8

10,1

6,1

4,2

4,5

4,4

5,3

4,5

6,5

Растително произ.

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

  Во вредноста на растителното производство најголемо учество имаат градинарските култури, (таб.2) потоа овошјето, па житата. Градинарските производи (зеленчукот) имале перманентен пораст, па во десетата година од овој период (2006-2015) нивното учество во формирањето на вредноста на растителното производство е зголемено за 8,2%. Житата покажуваат најколебливо (променливо) учество, слични промени по години покажуваат и индустриските и фуражните растенија, а најстабилно учество има  овошјето. 

  Во формирањето на вредноста на сточарството, вредноста на производите е за 10-15% повисока од вредноста на добитокот (таб.3). Вредностите се релативно променливи, кај производите се движат од 52,1 до 63,6%, а кај вредноста на добитокот од 36,8 до 47,9%.

Таб.3 Учеството на вредноста на добитокот и добиточни производи во вредноста на добиточното производство-проценти

Показател

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

Добиток

43,9

39,4

36,8

42,8

46,0

47,9

46,0

43,8

41,3

44,5

Добиточни произ.

56,1

60,6

63,2

57,2

54,0

52,1

54,0

56,2

58,7

55,5

Вкупно

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

100,0

                                                Проф.Д-р. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ И ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ И ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Израел и Сирија се препукуваат, а гинат Руси!

Израел и Сирија се препукуваат, а гинат Руси!

Бела книга, подарок за премиерот, министерот за култура, за советникот Висар Вишка и пратеникот Мухамед Зекири

Бела книга, подарок за премиерот, министерот за култура, за советникот Висар Вишка и пратеникот Мухамед Зекири

Долго топло лето

Долго топло лето

Се подготвува ли Русија за глобална војна?

Се подготвува ли Русија за глобална војна?