Добивај вести на Viber
Во Струмица ќе се возат уште два автомобили Рено Твинго.
Месеј јули започна со дури два нови добитника во Инстант лотаријата Твингоманија 2. Со нив практично се ситни и втората десетка од 40те автомобили, кои како премија се најпривлечното и најпосакуваното во оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Клучевите на 11тото Рено Твинго Тренд отпатуваа во рацете на Струмичанката Ѓурѓица Дузлеска. До премијата автомобил стаса благодарение на нејзинта ќерка, која ја избрала својата среќна грепка, купена од продажното место Ваткос кое се наоѓа на смаиот плоштад во Струмица.
И вториот добитник доаѓа од Струмица, поточно од околината на Струмица. Ивица Витанов од струмичкото село Дабиле ги доби клучевите од освоената премија Рено Твинго Тренд. Грепката која го донесе до 12тиот автомобил во оваа игра на среќа, Ивица ја купил од продажното место ТР Ристо Георгиев во селото Дабиле.