СТУДОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА ВО СЛОВЕНИЈА: мртов маж пронајден во неговиот двор
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018
Денес е најстудениот ден во Словенија регистриран оваа зима. Ниските температури ја земаа првата жртва во Словенија. Маж починал во својот двор во Марибор.
Тој бил пронајден со тенка облека на него, а според неофицијални информации од медиумите тој починал во својот двор од студ. Се претпоставува дека тој заминал по дрва, по што се лизнал и паднал.
Исто така, едно лице е во тешка состојба и е пренесено во болницата во Марибор поради состојба на хипотермија предизвикана од екстремно ниските температури.