12 Мај, 2024
0.0430

Судир на интереси во Регулаторната комисија за енергетика: Антикорупциска испитува

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Антикорупциска истражува судир на инереси кај членот на Регулаторната комисија за енергетика Атанаско Тунески. Барањето стигнало од енергетска компанија од земјава. Во пријавата стои дека има сомнеж дека Тунески го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Како член на Регулаторна која носи одлуки, дава и одзема лиценци, врши надзор врз енергетскиот пазар, Тунески поседува и акции во енергетска компанија. Од Антикорупциска велат ќе ги испитаат сомнежите, и ако се потврдат ќе бараат од Собранието да го разреши.

Антикорупциска треба да испита како е можно Тунески како член на РКЕ кој е должен да учествува во работата и одлучувањето на седниците на Комисијата, истовремено да има увид во работата на енергетска  компанија каде поседува 10 обични акции. Дали го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси прикривајќи дека има приватен интерес во енергетска компанија кој не го навел прецизно во анкетниот лист.

Во пријавата стои дека согласно Законот службено лице не може во теккот на мандатот, како и во рок од три години по неговиот престанок да стекне по која и да е основа и во кој и да е облик акционерски права во правно лице врз кое органот во кој работи, врши надзор.

Енергетската компанија се повикува и на Законот за енергетика во кој има специјален дел за судирот на интереси. Таму децидно е прецизирано дека член на Регулаторната не може да биде акционер во компнии кои имаат лиценца за вршење на енергетска дејност.

„СОГЛАСНО СТАВ 2 ОД ОВОЈ ЧЛЕН, ЛИЦАТА ОД СТАВ 1 СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ПРЕКИНАТ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ ВО ПРАВНИТЕ ЛИЦА, КОИ СЕ НОСИТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ, ПРЕКУ ПРОДАЖБА НА АКЦИИТЕ.“ – СТОИ ВО ПРИЈАВАТА ДО ДКСК.

Анкетниот лист пак кој Тунески го доставил до Антикорупциска покажува дека неговиот имот тежи над половина милион евра. Пријавил дека поседува акции вредни околу 30.000 евра,но не навел во кои компании.  На повеќе штедни книшки во една банка има заштеди, дел негови дел на сопругата од околу 300.000 евра. Само од камати од заштедите годишно му легнуваат околу 8.000 евра, а во сефот во банка му тежи 20.000 евра. На негово име и на име на сопругата завел три станови во Скопје, од 94,87 и 51 метар квадратен вредни околу 205.000 евра, објави ТВ Телма.


Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска