СУДИР НА МИГРАНТИ И ПОЛИЦИЈА: Еве што се случуваше на Лезбос
Објавено во: Балкан 15 Март, 2018
Најмалку 11 мигранти, меѓу кои имало и едно бебе и трудница, се повредени ноќеска во судирите со полицијата во бегалски камп на грчкиот остров, Лезбос.
Грчката полиција соопшти дека судирите почнале кога група од околу 50 мигранти подметнал пожари во контејнери за смет, во знак на протест поради лошите услови за живот во кампот „Морија“.
Директен повод за инцидентот бил обидот на еден Сириец да изврши самоубиство, пишуваат дел од грчките медиуми. Истите извори тврдат и дека во судирите полицијата употребила солзавец.
Полицијата не ги коментира ваквите тврдења.
Како што соопшти хуманитарната организација Лекари без граници, поради судирите, околу 200 жени и деца од кампот „Морија“ се префрлени во едно блиско складиште.
Во кампот се сместени околу 5.000 мигранти, што е двојно поголема бројка од капацитетот на објектот.