07 Мај, 2024
0.0237

Суптилен, но не конзервативен: Стилот на сопругата на Ким Џонг-Ун предизвика лавина коментари

Објавено во: Стил 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Лавина од пофалби за сопругата на Ким Џонг-Ун. 

Таа доби големи пофалби за своите модни избори и изглед при нивната прва посета на Кина, пред тамошните власти да ги избришат коментарите на интернет.

Ри Сул-Ју го придружуваше својот сопруг на неговата прва посета на една странска земја, при што постојано беа во друштво на првата дама на Кина, Пенг Лијуан.

Во јавноста нема многу информации за Ри, која ретко може да се види покрај својот сопруг на јавни настани. Сепак, Кинезите беа воодушевени од неа, заклучувајќи дека таа изгледа поубаво и дека била подобро облечена од сопругата на Шји Џјинпинг, која е позната пејачка и се наоѓа на листата на „Форбс“ на најмоќните жени на светот.

„Првата дама на Северна Кореја има моќна појава, изгледа поубаво од Пенг и повеќе држи до модата“, напиша еден корисник на Веибо, кинеската верзија на Твитер, додека друг забележа дека е „убава исто колку и Сонг Хје Кјо“, популарна актерка во Кина.

„Таа би била подобар избор за прв дипломат на Северна Кореја од сестрата на Ким“, стоеше во друг коментар.