05 Мај, 2024
0.0269

СВЕДОЦИ КАЖАА: Боки 13 купувал мебел, но не го платил

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски кој е обвинет во случајот „Рекет“, ниту го платил, ниту дал компензација за лускузниот мебел. 

Лидија Младеновиќ, управителка на „Зона текс“ и „Зона мебел“ на денешното рочиште за „Рекет“ изјави дека не го познава лично првообвинетиот во случајот Јовановски и дека зборувала со него само на телефон.

„Знаев дека Јовановски одбрал мебел за телевизијата, но дека ќе го компензирал со реклами. Сумата беше голема, не можеше сè со компензација. Вкупниот долг што требаше да го плати, што не беше компензација, изнесуваше 296.000 денари. Ние не знаевме за каде му е мебелот. Договорот што го потпишавме не беше испочитуван. Ни компензација, ни плаќање на ратите за мебелот. Му пративме опомена пред тужба, па девојка дошла и оставила 2.750 евра како гаранција дека долгот за мебелот ќе се плати. Станува збор за долг за кожена аголна гарнитура, две кожени фотелји и масичка од брендот „калигарис“ – рече Младеновиќ.

Таа изјави дека се потпишани два договори. Прво бил одбран мебел за телевизијата на Бојан, 1 ТВ. Со другиот договор е одбрана кожна гарнитура со две табуретки.

При претресот кај Јанева е одземена гарнитура. Бранителката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, до судот достави каса прими како материјален доказ, која ѝ беше предочена и на Лидија.

Продавачката Весна Костовска од салонот „Пјер Карден Хоум“ за луксузен мебел и теписи, сведочеше дека обвинетиот Јовановски купил само ТВ-комода.

При претресот кај Јанева пред да биде притворена, е одземена гарнитура како доказ, под сомневање дека ја примила како поткуп од парите на пријавувачот Орце Камчев што му ги дал на Јовановски како рекет, за ослободувањето од притвор и давање времен пасош од Јанева во истрагата за „Империја“.

Судењето ќе продолжи утре со изнесување материјални докази.

За случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец доби 3 години затвор, откако призна вина, а на екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева и Јовановски им се суди. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава