01 Мај, 2024
0.0286

Сведок во судница раскажа како Груевски купил два стана

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Секретарката во фирмата на Александар Ивановски -Теранова, Татјана Стојановска, денеска во судница изјави дека според имотните листови таму има два стана – еден на нејзино име, а еден на фирмата – но во суштина, тие не се нивни сопственици. Кажа дека тие станови се на екс премиерот Никола Груевски кој сега престојува во Унгарија, каде доби политички азил.

Oва беше кажано на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“. Стојановска ја објасни  правната постапка при купувањето на двата стана, во кои таа никогаш не влегла. Рече дека дека станот на нејзино име е од 2008-2009 година. Тогаш работела во фирмата „ИТК Инженеринг“, основана во тоа време за да учествува на некој тендер. Двата стана биле еден до друг.  Таа објасни дека ниту дала ниту видела пари за станот, само со човек од кај Груевски отишле на нотар, потпишале и целата работа брзо се завршила.

На денешното рочиште сведок беше и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Тој рече дека тогашниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, му понудил земјиште, плац на Водно од 1.200 метри квадратни, кој бил над куќата на Вилма Трајковска. Според неговите зборови, тоа земјиште чинело 1,2 милиони евра. 

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Многу често по сведочењата, Груевски на Фејсбук го кажува својот став за предметите, и во неколку наврати тврдеше дека се врши прогон против него. 

Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски