Светски лидери, а сепак не знаат која држава каде се наоѓа
Објавено во: Стил 23 Септември, 2017
Американскиот претседател, Доналд Трамп не е единствен политичар кој јавно се збунил за географија.
Тој на светот му ја претстави државата Намбија, веројатно мислејќи на африканската држава Намибија. Тоа дури го напиша со грешка и на Твитер.
Борис Џонсон, британскиот министер за надворешни работи зборуваше за Африка како држава.
BBC потсетува дека Африка е континент со 55 држави.
Бившиот американски претседател, Џорџ Буш во 2007 година ги помеша Австрија и Австралија.
Во 2004 година слична грешка направи и поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони кој ги помеша Словенија и Словачка.
Полскиот министер за надворешни, Витолд Вашчиковски измисли држава. Во свој говор спомна Белизе и Сан Ескобар, иако вториот назив не означува држава.