03 Мај, 2024
0.0273

Свилановиќ: Прогресот на соработката на Балканот е видлив и покрај осцилациите

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Прогресот во регионалната соработка на Балканот и во Југоисточна Европа е видлив и покрај пречките и осцилациите што се создаваа повремено на националните и политичките сцени, оцени денеска Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.

Оценката доаѓа само ден пред состанокот на шефовите на дипломатиите и самитот на шефовите на држави или влади на Процесот за соработка во ЈиЕ (SEECP).

„Видлив напредок е постигнат во натамошното унапредување на трговијата и на инвестициските интеграции, на дефинирање на ефикасните политики за вработување, на засилување на соработката на полето на образованието, истражувањата и иновациите, на доброто владеење и на полето на соработка во областа на безбедноста“, рече Свилановиќ, зборувајќи на годишна средба на РСС во Дубровник.

„Иако регионалните предизвици и осцилациите на националните политички сцени понекогаш го попречуваа Регионалниот совет за соработка, можеме да се надеваме на напредокот кој е видлив во поглед на продлабочување на економската соработка, на силно управување и на стабилност во самиот регион“, додаде Свилановиќ.

Денеска беше поднесен неговиот годишен извештај за работата на РСС, меѓувладино оперативно тело на SEECP, кој беше одобрен од поканетите учесници на годишниот собир. Се очекува негово одобрување и усвојување и земјите членки на Процесот за соработка во ЈиЕ, кои утре и задутре на највисоко ниво ќе се состанат исто така во Дубровник.

Република Македонија е основач и полноправен член на SEECP и активно партиципира во активностите во регионот, што ги координира РСС.


Можеби ќе ве интересира

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни