02 Мај, 2024
0.0255

Празниците и африканската чума го поскапуваат свинското месо

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Свинската чума не го остава на мир соседството на земјава, поради што и кај нас се зголемува будноста за следење на оваа зараза. Кај Пирот, во Србија, вчера се отвори уште едно жариште, а пред една недела бoлеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. 

Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, и оценките на ФАО потврдиле дека е можно поскапување на храната, особено на свинското месо, поради болeста свинска чума.

Според земјоделците, свинското поскапува и заради свинската чума, но како фактори сигурно можат да се сметаат и празниците, за кои вообичаено повеќе се купува свинско место, што ја крева цената.

„Во соседстството има свинска чума, поради што се уништуваат фармите, и тоа е една од причините што посакпува свинското. Друга причина беа празниците, што ја зголеми побарувачката, а тоа ја зголемува и цената. А, една од причините е лакомоста на нашите трговци. Во земјава се уништија свињарските фарми“, вели за Фактор Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.

Инаку, Атанасов и денеска нагласи дека во земјава нема африканска свинска чyма. Сепак, веќе донесените мерки и зaбрани, остануваат во сила. Според него, опасноста не е помината, а ќе трае повеќе години. Фармерите и натаму треба да ги спроведуваат биосигурносните мерки, а граѓаните кои патуваат надвор не треба да носат во куферите храна од животинско потекло, посебно не производи од свинско месо.

„Внимателност мора да има. Зaбраните и мерките што ги имплементиравме остануваат. И натаму е зaбрането да се чуваат cвињи на отворено и да се хранат со помии“, нагласува Атанасов.

Она што е лошо кај болеста е што за неа нема ниту вакцина, ниту терапија, па затоа уништувањето на свињарските фарми каде што ќе се појави е единствената можна мерка. 

Земјава во втората половина од 2020 година ќе побара Светската организација за здравствена зaштита на животните да и додели статус на слободна од бoлеста, а веќе од 1 јануари 2021 година се очекува да почнеме со извоз на свежо свинско месо и живи свињи.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?