26 Април, 2024
0.0291

СЗО ПРЕДУПРЕДИ: Нема да имаме колективен имунитет и покрај вакцинацијата до крај на 2021

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација денеска на редовниот брифинг предупреди дека и покрај тоа што вакцинацијата веќе почна да се спроведува ширум светот, сепак нема да постигнеме колективен имунитет.

Водечкиот научник на СЗО, Сумија Сваминатан истакна дека за постигнување колективен имунитт ќе биде потребно многу повеќе време за да успешно се спречи ширењето на Ковид-19. Имунитетот на стадото се јавува кога поголемиот дел од популацијата станува имуна на болест преку вакцинација или преку масовно ширење на болеста.

-И покрај фактот што вакцините почнуваат да ги штитат најранливите категории, ние нема да постигнеме никакво ниво на имунитет на популацијата или имунитет на стадо во 2021 година. Дури и да се постигне колективен имунитет во неколку земји, тоа нема да ги заштити луѓето ширум светот, истакна таа од седиштетот на СЗО во Женева.

Сваминатан посочи дека е важно постојано да се поттикнуваат луѓето да ги следат упатствата кои се однесуваат на превентива од корона вирусот.

-Вакцините ќе пристигнат во сите земји. Но, во меѓувреме, не смееме да заборавиме дека постојат мерки што функционираат. Навистина е важно да ги потсетуваме луѓето, и владите и поединците за одговорностите и мерките што продолжуваме да ги практикуваме најмалку барем уште една година.

Истовремено, упати и пофални зборови за производителите на вакцини кои успеаа да произведат количества дози за толку краток временски период.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9