04 Мај, 2024
0.0292

Тачи: Немаме аспирација за промена на границите со Албанија

Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Немаме аспирација за промена на границите со Албанијa, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи во својот говор на 93-тиот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во Приштина. 

Тој вели  дека односите на Косово со Албанија се одлични и сите треба да се задоволни од тоа. Додаде дека Косово има добри односи со сите земји во регионот. 

„Немаме аспирација за промена на границите со Албанија. Аспирациите на Косово се евроатлантски и во оваа насока работат сите партии во земјата“ - вели Тачи. 

Нагласи дека е многу важен приемот на Македонија и Црна Гора во НАТО, а за регионот е од суштинско значење ЕУ исто така да не доцни со интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Тврди односите меѓу Косово и Србија веќе не се закана за безбедноста, иако пред 17 години двете страни беа во конфликт. 

„Почнавме дијалог со Србија и благодарение на тоа веќе можеме да се гледаме како пријатели“ - додава Тачи. 

Подобрувањето на односите меѓу Приштина и Белград влијае и врз односите со другите земји, истакна Тачи и ја спомена посетата на албанскиот премиер, Еди Рама во Србија. Претседателот на Косово, смета дека неговата земја го надмина радикализмот и во последно време ниту еден косовски државјанин не заминал во зона на конфликт.

И Рама минатата недела изјави дека неговата земја не планира обединување со Косово и дека идејата за Голема Албанија е во минатото. 


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни