Тачи потврди дека Заев му се јавил за да му се извини
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019
Премиерот Зоран Заев одржал телефонски разговор со косовскиот претседател Хашим Тачи за разговорот со руските пародисти, со кои шефот на македонската Влада мислејќи дека комуницира со украинскиот претседател Петро Порошенко изнесе детали за можниот договор за размена на територии меѓу Косово и Србија.
Како што рече претседателот Тачи, премиерот Заев се извинил за вмешување во случајот на Косово, објаснувајќи дека информациите се обезбедени од рускиот Спутник и дека нема официјални информации.
Претседателот на Косово додаде дека односите меѓу Косово и Северна Македонија не се засегнати.