06 Мај, 2024
0.1082

Тајани: Распуштањето на каталонската влада е вистинска работа

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Според претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, никој во Европа нема да ја прифати еднострано прогласената независност на Каталонија која сака да се отцепи од Шпанија.

- Никој нема да ја признае Каталонија како независна држава. Реферeндумот (за независност) беше нелегален и таму треба да се обнови владеењето на правото, порача Тајани во изјава дадена по завршувањето на собирот посветен на иднината на Европа, организиран од Комисијата на бискупската конференција на европската заедница во Ватикан.

Тој оцени дека одлуката на шпанската Влада за распуштање на каталонските регионални власти и за распишување предвремени избори во регионот претставува „вистинска работа“, бидејќи на нив жителите на Каталонија ќе можат да решат „каква влада сакаат да имаат“.

- Се треба да се прави во согласност со Уставот на Шпанија, порача Тајани.

Тој нагласи оти Европа се надева дека дијалогот може да помогне во решавањето на „тешката ситуација“ во Шпанија.

- Тоа сепак не значи дека ЕУ може да посредува, затоа што тоа е внатрешно прашање на Шпанија, порача Тајани.


Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта