10 Мај, 2024
0.0291

Таравари: Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев?

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, а актуелен градоначалник на Гостивар, со жестоки зборови му се обрати на премиерот Заев и неговите тврдења дека Алијансата претходно раководела со овој владин ресор само поради кадарот како Таравари, а не поради самата партија. Таравари во емотивна објава на Фејсбук потсетува колку Алијансата за Албанците била важна за функционирање и работата на Владата.

„Ова е една изјава која сум принуден да ја кажам заради еден смешен рефрен кој се повторува често пати како оправдување од страна на премиерот Зоран Заев.

Заев кажа дека Министерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерството за здравство тој прати една незрела вест.

Смешно! Кога видов дека кутриот премиер го повторува тоа неколку пати и повторувајќи ги неколку пати лажните (псевдо) аргументи, жалосно-смешно! На ова оправдување на Заев не верува ни едно петгодишно дете.

Сигурно е дека ова министерство и е дадено на Алијансата бидејќи без оваа партија немаше да има Влада. Се сеќавате ли како дојде до ова? Беше тоа време кога во Парламентот крвареше  Зијадин Села и без никаков сомнеж јас бев избран од Алијансата да го водам Министерството за здравство.

Заради тоа вие не можете да го убедите народот и да се однесувате инфантилно.

Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев? Почнавте и вие да ги делите  министертвата на тие кои плачат повеќе или имате некое дете во коалиција што се лути на нас и не не сака?

Жал ми е за Владата

Арбен Таравари

пс. Дали некогаш сте се запрашале што имате заедничко со Груевски?

Јас ќе ви кажам: Само Али Ахмети

Интересно..Како е возможно????“, пишува Таравари на својот Фејсбук профил.

Алијансата денес ќе одлучи дали останува во Влада со Заев и Ахмети или пак, целосно ќе премине во опозиција во сите нивоа. Тие остануваат без министерството за здравство кое е понудено на кадарот Венко Филипче, а ја одбија и новоизмислената функција заменик премиер за реформи, за која Села рече ако веќе се измислуваат министерства тој би создал министерство за носење бурек кое потоа слободно би им го доделил на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев