ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР: Путин и Ердоган ќе комуницираат после шест месеци утре
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи утре телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Ердоган.
Тоа ќе биде прв директен контакт помеѓу двајцата по инцидентот од ланскиот ноември со рускиот воен авион соборен над Сирија од турски борбен авион.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека разговорот ќе се одржи „по иницијатива на руската страна“, откако турскиот претседател испрати до Кремљ писмо во кое се извинува за инцидентот.
„Со испраќање на писмото на претседателот Ердоган беше направен значаен чекор кон нормализирање на односите“, изјави Песков пред новинарите.
„За неколку дена ќе биде можно да се нормализира сè, но работата во оваа компонента ќе продолжи“, додаде Песков.
Претходно турскиот премиер Бинали Јилдирим изјавил за телевизија TRT дека неговата земја е подготвена да компензира со Русија за оштетеност на соборениот авион.
Подоцна политичарот се откажа од овие зборови, истакнувајќи дека станува збор само за извинување. Односите меѓу двете земји нагло се влошија по инцидентот од 24 ноември, кога турски борбен авион собори во сирискиот воздушен простор руски воен авион Су-24.
Руската стана тоа го оквалификува како „удар зад грб“ поради позитивната состојба на билатерални односи пред инцидентот. Претседателот Владимир Путин воведе санкции против Турција поради инцидентот.