08 Мај, 2024
0.0271

Телевизиска сторија му помогна на Злате Стрезовски: Државата се сети да му даде детски додаток, а хумани граѓаму го поправиле компјутерот за децата

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Прво му велеле дека не му следува социјална помош, но откако за него телевизија Телма ја објави сторијата дека има сериозни финансиски проблеми и дека нема начин како неговите деца да ја следат онлајн наставата, сега Злате Стерзовски од Тетово ќе добие детски додаток.  

„Откако беше објавен прилогот дојдоа од Ценгтарот за социјални работи на увид и ми рекоа дека ми следува детски додаток за децата кои ми одат на училиште, и социјален стан, но за станот треба да се следи во општина, кога ќе распише оглас, да се поднесат документите. И се јавија многу луѓе и понудија помош, дури ми го средија стариот и дотеран компјутер, за да може да се користи. Се јавуваат луѓе кои сакаат да донираат пари, отворив и трансакциска сметка“, изјави Стерзовски за телевизија Телма. 

Тој рече дека кога се јавувал во Центарот за соцјални грижи, му велеле дека не му следува помош, а сега откако се објави сторијата, излегува дека следува. 

„И јас не можам да разберам, зарем требаше да се оди на телевизија, за да се освести државава дека има вакви случаеви“, рече Стрезовски. 

Драго му е што се уште постојат хумани луѓе, кои му помогнале во период кога му било најтешко. По сторијата за неговото семејството, веднаш ги посетила екипа од Центарот за социјални работи.

Ова семејство има четири деца.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија