ТЕЛОТО НА ДАНКА НЕ Е НАЈДЕНО: Уапсените посочиле неколку локации
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
Уапсените за убиството на двегодишната Данка Илиќ кажале неколку локации за тоа каде е телото.
Од Бирото на Министерството за внатрешни работи на Србија за соработка со медиумите изјавија дека претресот се врши на централна локација во близина на депонијата, на која претходно ги донел еден од уапсените, но велат дека не може да се потпрат на нивните изјави. Уапсените се од околината на Бор и работеле во комунално претпријатије. Тие го удриле девојчето со возило, а потоа еден од нив ја задавил Данка и ја фрлиле на депонија.