ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ: Заштитете се, доаѓа топлотен бран
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2021
Деновиве Македонија ќе биде под удар на топлотен бран. Температурите кои се најавуваат ќе бидат натпросечни за овој период од годината а најтопло се очекува да биде во четврток и петок за кога се очекуваат 40 степени .
Топло време ќе имаме и денеска а од УМХР најавуваат температури од 32 до 40 степени и УВ индекс кој ќе биде 9.
Во метрополата температурата ќе достигне максимални 39 степени Целзиусови.
Во насока на погоренапишаното, препораките на надлежните се да внимавате и да се заштитите .
Пијте повеќе вода, не излегувајте од дома во најтоплото ако немате потреба.