09 Мај, 2024
0.0307

ТЕОДОРАКИС: Ќе треба да разбере Заев дека патот до НАТО и Европа поминува низ Атина

Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за грчкото радио „Real fm“ вели дека Заев треба да сфати дека патот до НАТО и Европа поминува низ Атина. 

Во однос на последните изјави на македонскиот премиер, Зоран Заев тој  отфрла секаква можност да постои договор за двојна формула за името, јави дописникот на МИА од Атина.

Според него, не постои прашањето за двојно име. 

„Ќе треба да разбере Заев, кој на почетокот покажа сериозност, ќе треба да сфати дека патот за НАТО и за Европа не е право нагоре, туку поминува од Атина. Ова треба да го разбере“ – вели Теодоракис. 

Рече дека тој е од оние што поддржуваат компромис, но порачува дека и македонската страна треба „да ги направат неопходните отстапки“.

Смета дека иредентизмот ќе треба да се тргне од Уставот и учебниците. 

„Ако се мисли на тоа дека нема да стигнеме да го смениме Уставот, но ќе се обврземе во ОН, ќе се обврземе во НАТО, ќе се обврземе во Европската Унија дека ќе го сториме тоа, јасно дека ќе го прифатиме тоа“ – потенцира Теодоракис.

Додава договорот нема да биде со Грција, туку со ОН, со ЕУ и НАТО и „цената на каква било отстапка за Скопје ќе биде огромна“.

Заев деновиве изјави дека промени на Уставот нема да има и дека тоа би било недостоинствено, а потоа од грчката Влада рекоа дека можно е решение да нема на спорот, и тие исто така инсистираат на промени во Уставот.

Можеби ќе ве интересира

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ