ТЕРЕЗА МЕЈ ВО „НЕБРАНО“: Дали ќе има и четврт договор за Брегзит?
Објавено во: Свет 30 Март, 2019
Британската премиерка Тереза Меј ја разгледува можноста на парламентот по четврти пат да му поднесе договор за отстапување на земјата од членството во Европската унија.
Како што пренесуваат британските медиуми, владата планира на пратениците да им понуди два избори - да гласаат за договорот за излез или за алтернативен проект кој би понудил поблага варијанта од Брегзит без договор.
Деталите за таков проект не се соопштени.
Британскиот парламент во петкот трет пат го отфрли договорот за излез со што е веројатно дека Велика Британија од членството ќе излезе на 12 април без договор.
После третото одбивање на договорот во британскиот парламент, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за 10 април закажа вонреден самит на лидерите на ЕУ.