26 Април, 2024
0.0278

Термичкото решение Dahua поддржува превенција и контрола на епидемијата на COVID-19

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

2020 година сигурно ќе остане запаметена по појавата на вирусната болест корона (COVID-19) на глобално ниво. До денес, високозаразната болест одзеде многу животи, особено во Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија и некои држави од Блискиот Исток.

„Dahua Technology“, водечка светска компанија за видеонадзор, е ран учесник во превенцијата и контролата на епидемијата, придржувајќи се на глобалните напори во борбата против вирусот со цел да се намали влијанието врз човештвото. Откако на 24 јануари ја прати својата прва серија термички камери во најтешко погодениот Вухан, термичкото решение Dahua е поставено на илјада места во Кина, вклучувајќи аеродроми, трговски центри, банки и разни други локации. Денес тоа решение може да се најде на дури два големи европски аеродроми, во Турција и во Полска.

Dahua – термичко решение за мерење на температура на човековото тело

Термичкото решение Dahua функционира на тој начин што ја мери телесната температура на далечина и бесконтактно. Споредено со традиционалниот начин на мерење телесна температура – со термометар на челото – со употребата на термичкото решение Dahua значително се подобруваат брзината и точноста, а истовремено бесконтактното мерење помага и во намалувањето на вкрстените инфекции. За мерење температура кај 5 000 луѓе, потребни се околу 4,2 часа со термометар, затоа што се потребни најмалку 3 секунди за мерење по лице. Меѓутоа, доколку го користите термичкото решение Dahua, потребни се само 30 минути, кое мери температура кај 3 лица во секунда. Исто така, се одликува со голема точност од ± 0,3 ℃.

„Термичкото решение Dahua ни помогна да откриеме неколку сомнителни случаи во само неколкучасовна работа, што особено го цениме“, коментира корисник од Хонгконг.

Термичкото решение Dahua се наоѓа на првата линија на фронтот и помага во спречувањето и контролата на епидемијата на аеродромите, железничките станици, болниците, училиштата и други места ширум светот. Благодарејќи на големата прецизност, високата ефикасност, силната приспособливост и едноставната примена, термичкото решение Dahua може да се користи при сите типови влезови и излези, како, на пример, на кујни и градинки.

Термичкото решение Dahua ја мери температурата на човековото тело

За компанијата „Dahua Technology“

„Zhejiang Dahua Technology Co., Ltd“ е водечка светска компанија за видеонадзор. Во 2019 година го зазеде второто место на листата „Security 50“ формирана од страна на „A & S international“. „Dahua Technology“ е посветена на нудење најквалитетни решенија и производи во согласност со најновите технологии, со цел да им овозможи успешно работење на крајните корисници. Компанијата вработува висококвалификувани R&D инженери и технички персонал, кои работат на развојот на висока технологија на полето на леќи за камери, сензори за слики, кодирање и пренос на видеозапис, графичка обработка, видеоаналитика, сигурност на софтвер, мрежна безбедност и други технологии.

За повеќе информации посетете јаhttp://www.dahuasecurity.com и заследете нè на социјалните мрежи

Фејсбук: Dahua Technology Makedonija  Твитер: Dahua Technology

Јутјуб: Dahua Technology Srbija  Линкдин: Dahua Technology Srbija



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“