ТЕРОРИЗМОТ ДОЖИВУВА ЕКСПЛОЗИЈА: Безбедноста на западните земји виси на конец
Објавено во: Свет 06 Април, 2017
Терористичките напади во западниот свет се зголемиле за 174% во 2016 година.
Ова го покажува студијата на меѓународната осигурителна компанија „Aon".
Во западните земји бројот на нападите, прогласени за тероризам, се зголемил од 35 во 2015 година на 96 минатата година.
Бројот на нападите во целиот свет е 4151. Тој исто така има пораст за 14% - од 3633 во 2015 година.
Безбедноста во западните земји е проблем земајќи го в предвид големиот број напади во 2016 година.
При нападот пред година во метрото во Брисел загинаа 32 лица. Минатиот јули товарен камион удри во толпа од пешаци и уби 84 лица. Повторно напаѓач со товарен камион во Берлин во декември, уби 12 луѓе.
Во новата 2017 бевме потресени од нападите во Лондон (4 жртви) и Санкт Петербург (14 жртви).
Само во Пакистан, во 2016 година при терористички напади загинале 612 цивили. За првите 3 месеци од оваа година бројот веќе е 178.
Во февруари 2016 година во Ирак, чија територија е поделена од „Исламска држава", при терористички напади загинале 428 луѓе.