ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА - НОВО СЕЛО: Возачите хоспитализирани
Објавено во: Македонија 25 Август, 2023
Тешка сообраќајна незгода се случила на магистралниот пат Струмица - Ново Село при што дошло до судир на рено и опел.
Од силината на ударот, возачот на реното Д.С. се здобил со тешки повреди поради што бил пренесен во болницата во Струмица. Повреден е и другиот возач, кој исто така завршил во болница.
- На 24.08.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, Струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица - пишува во билтенот на МВР.