07 Мај, 2024
0.0231

Тест кој открива дали пушачот е близу до рак на белите дробови

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Ќелиите од носот и устата реагираат поинаку на инфрацрвената светлина кај луѓето кои се подложни и оние кои немаат опасност да развојат рак на белите дробови.

Резултатите на тие тестови би можеле да помогнат во порано откривање на рак на белите дробовим пто драстично ја поправа шансата за целосно излекување.

Во споредба со останатите типови на рак, процентот на излечени од рак не се поравил многу во последните децнии. Само 10 одсто од пациентите живеат пет или повеќе години после дијагностицирањето. Главната причина е доцно откривање на болеста.

Професорот Сем Џејмс вели дека ова е неивазивен тест кој може да им помогне на оние со најголем ризик - возрасните пушачи - порано да го откријат ракот на белите дробови.

„Нашата желба е пушачите да можат да даваат брис во најблиската амбуланта или аптека и тој примерок да се проследи на понатамошна анализа. Што порано го откриеме ракот на белите дробови, поголеми се шансите за излекување“, објаснува Џејмс.

Според неговите зборови, ќелиите во белите дробови, устата и носот кај пациенти кои развиваат тумори на белите дробови може да имаат ситни абнормалности.