05 Мај, 2024
0.0238

Тибетски рецепт стар 2000 години пронајден во тибетски манастир!

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Рецептот за овој тибетски лек е пронајден во стар тибетски манастир, испишан на глинени плочи.

Се претпоставува дека е запишан пред повеќе од 2000 години, а се користи против триглицериди, холестерол и масни наслаги на крвните садови, како и за долг живот.

Стар тибетски рецепт

Освен што наводно успешно ги чисти крвните садови, овој стар тибетски лек, како што се тврди ја подобрува еластичноста на крвните садови (спречува пукање на крвните садови, а со самото тоа и излив на крвта), спречува инфаркт на срцето, мозок и ангина пекторис ( градна болка предизвикана од исхемија (недостаток на крв, а со тоа недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) на срцевиот мускул). Потоа, спречува настанување на тумори, го поправува видот и го подмладува организмот.

Подготовка:

-300 грама бел кромид и 1 килограм лимон со кора, ситно да се сомелат.

После тоа ставете да зоврие 1,5 литри вода а потоа намалете го огнот и додајте го смелениот кромид и лимон па поклопете го садот. Исклучиво на тивок оган оваа смеса да се вари 14-15минути (никако подолго од тоа).

Потоа тргнете од огнот и оставете да се излади. Ова е готов тибетски лек кој треба да го ставите и чувате во заклопен стаклен сад (тегла) .

Оваа подготовка да се зема на празен стомак секое утро и тоа 0,5 дл во текот на 25 дена. После тоа задолжително да се направи пауза од 10 дена а потоа повторно повторете ја постапката до подобрување на здравствената состојба. После тоа престанете со употреба на лекот.

Напомена: Строго придржувајте се до дневната доза и пауза од 10 дена помеѓу два третмани. После излекувањето не треба да се зема лекот туку само ако дојде до влошување на здравствената состојба.

Здравите лица кои ќе се одлучат да го земаат овој лек поради подобрување на општото здравје на организмот да применуваат само еден третман до два годишно и тоа два пати по 25 дена во пауза од 6 месеци.