Тони Блер тајно преговара да стане амбасадор на САД за Блискиот Исток
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Тони Блер има амбиции да стане нов специјален амбасадор на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да ги застапува неговите цели на Блискиот Исток.
Екс британскиот премиер е откриено дека присуствувал на тајна средба во Белата куќа, со сопругот на Иванка Трамп – Џеред Кушнер, кој е еден од главните советници на новоизбраниот претседател на САД.
Ова е трета средба на двајцата од месец септември и се зборува дека тие дискутираат за можноста Британецот да биде специјален пратеник на Трамп за Блискиот Исток.
Портпаролот на Блер одби да октрие дополнителни информации, велејќи само дека станува збор за лични разговори.
Откако го напушти Даунинг стрит, Блер ја презеде улогата на пратеник за Блискиот Исток за квартетна група, вклучувајќи ги ЕУ, САД, Русија и ОН, потсетува британски Телеграф.