ТРАГЕДИЈА ВО БЕЛГРАД: Тинејџер почина на натпревар, соиграчите во шок
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2021
Смртта на тинејџерот кој имаше 16, млад фудбалер на клубот „011“ ги потресе неговите пријатели и соиграчи од клубот, кои се уште не можат да поверуваат што се случило.
Вознемирените деца се уште се во близина на теренот каде се играше натпреварот кога момчето починало, и каде полицијата се уште спроведува истрага.
Инаку полицијата ја блокираше Ада Циганлија, на чиј фудбалски терен загина тинејџерот. Како што дознаваат српските медиуми, докторите од брза помош безуспешно се обидела да го реанимираат несреќното момче, но наскоро, за жал, била констатирана смрт.
Како што јавува репортерот на Нова.рс од местото на настанот, речиси целата Ада Циганлија била блокирана поради оваа трагедија, а екипите на Брза помош и полицијата се уште се на терен, спроведуваат истрага.
Момчето (16) беше фудбалер на екипата „011“, а се онесвести за време на натпреварот помеѓу ФК „Бараево“ и ФК „011 Белград“.