ТРАГЕДИЈА ВО ОЧИ НОВА ГОДИНА: Во пожар изгореа две деца
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2017
Трагедија вчера се случи во селото Породин кај Жабар, при што две деца изгореа во една куќа.
Станува збор за девојче на една година и едно момче од две години, објави белградскиот весник„Блиц”.
До пожарот дошло кога мајката на децата излегла по дрва, а жар паднал од печката, по што огнот се проширил на целата куќа.
Во моментот на трагедијата мајката била во едната соба, а децата во другата соба. Кога го слушнала плачот на момчето, ја отворила вратата на детската соба, но таа не можела да влезе, затоа што огнот се проширил во цела соба.
Мајката отрчала кај соседите кои ги повикале пожарникарите, кои го изгаснаа огнот и ги пронашле децата.