ТРАМП ГО ИСКЛУЧИ ИРАК: Нова уредба забранува влез на граѓани од шест муслимански земји
Објавено во: Свет 07 Март, 2017
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп потпиша нов декрет за ограничување на имиграцијата во земјата и заштита на нацијата од пенетрација на странски терористи. Претходниот, кој им забрануваше на граѓаните на седум муслимански држави да влегуваат во Америка, беше блокиран од страна на Федералниот суд.
Сега сепак Ирак беше изваден од листата и во него остануваат Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен.
Директивата го забранува влезот на граѓани од овие држави за 90 дена и влегува во сила од 00,00 часот на 16 март 2017 година .
Таа не влијае на луѓето кои веќе имаат издадени визи, а само за оние кои допрва ќе поднесат документи за виза.
Со новиот декрет се блокира и исполнувањето на програмата за бегалци на САД. Така на територијата на земјата нема да се дозволат бегалци за период од 120 дена.
Претходната слична наредба доведе до блокирање на стотици луѓе на аеродромите и предизвика масовни протести.